Модна Конфекција Алекс
Модна Конфекција Алекс
Модната Конфекција Алекс е основана во 1990 година со главна дејност - производство на текстилни производи за домашниот пазар, а од 1997 година започнува со производство на горна и долна женска облека за странски пазар, по систем на лон производство.
Фирмата има два производствени погони и тоа во Кочани и во Пробиштип, со вкупно 7 производствени линии.
Алекс произведува конфекциски производи од следниве категории: женски блејзери, женски јакни, женски блузи, сукњи, капути и др.
Во склоп на фирмата се и везачкото одделение и CAD одделението кои ги задоволуваат потребите на фирмата, но своите услуги ги нуди и како сервис за други фирми.
Производствените погони се опремени со модерна опрема, а процесот на производство се базира на стандарди што овозможуваат брзи и навремени испораки.
За успехот и напредокот на оваа фирма, секако во најголем дел е заслужен раководниот тим од стручно образувани лица, на чело со г-дин Александар Јосифов како главен менаџер и сопственик.
Само мал дел од нашите странски клиенти за кои имаме произведувано се: Gerry Weber, Marc Aurel, Fer, Apriori, Karma Bela, Cavita, Bonita, Verse, Tuzzi, Ben Barton, Ulla Popken и други познати марки.



